google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Иновативност и креативност (надвор од рамката)
  • Иновативност и креативност (надвор од рамката)

Иновативност и креативност (надвор од рамката)

5.192,00 €
без ДДВ: 4.400,00 €
Шифра на производ: 200921222830
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Иновативност и креативност („надвор од рамката“)

Зошто ни е потребно да ја поттикнеме креативноста во себе? Зошто иновација?

За да ги следиме светските трендови или за да го разбудиме десниот дел од мозокот за уникатни идеи, решенија и стратегии за успех во нашиот професионален и личен живот? 

Во последниве децении, иновативноста и креативноста станаа клучни вештини за постигнување успех во развиените економии. Потребата за креативно решавање проблеми се појави бидејќи сѐ повеќе прашања во секојдневното менаџирање и управување бараат креативни сознанија за да се најдат соодветни решенија.  

Креативноста оди рака под рака со иновациите. И нема иновации без креативност. Додека креативноста е можност за нови уникатни идеи, иновацијата е спроведување на таа креативност – таа претставува воведување на нова идеа, решение, процес или производ. Креативноста е движечка сила зад иновациите. 

Очекувани резултати 

На крајот од обуката, слушателите:

  • Ќе знаат да поттикнат креативен и иновативен процес на размислување кај себе и кај другите 
  • Ќе се стекнат со способност да излезат „надвор рамката“ преку употреба на техники и алатки
  • Ќе умеат практично да применат креативно и иновативно размислување заради постигнување цели и развивање лични и деловни стратегии
  • Ќе умеат да користат креативно и иновативно размислување при решавање проблеми и донесување одлуки во секојдневни конкретни ситуации
  • Ќе ја увидат важноста на иновативното и креативно размислување за подобрување на процесот на решавање проблеми и носење одлуки во секојдневието 

Содржина и главни цели на обуката

  • Запознавање со иновативен и креативен процес на размислување
  • Стекнување лична способност и умешност кај вработените за поттикнување креативност и иновативност во секојдневното работење
  • Практична примена на успешни (лични и професионални) стратегии
  • Запознавање и практична примена на алатки и методи за креативно размислување надвор од рамката
  • Запознавање и практична примена на техники за креативно размислување, со цел подобро решавање проблеми и носење одлуки
  • Сопствена и организациска мапа
  • Чекори во процесот на креирање иновации на работното место
  • Техники за мотивација и начини на излегување од зоната на пасивност и комфор
  • Креативно размислување – поттикнување
  • Методи за поттикнување креативност и иновации (лични, тимски, организациски)
  • Рамки и надвор од рамките
  • Процес на иновација во организацијата: Подготовка, Инкубација Инспирација,  Верификација
  • Чекори во процесот на креативност и креативното размислување
  • Креативност (лично и на работното место) – начини, техники
  • Креирање мотивирачка и поттикнувачка клима и култура на работното место и во организацијата
  • Неопходност од иновации во секојдневното работење на работното место, во тимот и во организацијата.

Целна група

Оваа обука е наменета за сите кои сакаат да ја поттикнат креативноста и иновативноста кај себеси и/или кај тимот.  Да научат техники, алатки и методи  за практична примена на креативноста и иновативноста на лично и професионално поле.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

 Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Иновативност и креативност (надвор од рамката) Иновативност и креативност („надвор од рамката“) Зошто ни е потребно да ја поттикнеме креативноста во себе? Зошто иновација? За да ги следиме светските трендови или за да го разбудиме десниот дел од мозокот за уникатни идеи, решенија и стратегии за успех во нашиот професионален и личен живот?  Во последниве децении, иновативноста и креативноста станаа клучни вештини за постигнување успех .. Category: Product #: 200921222830 Regular price: 5.192,00 € 5.192,00 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО