Подготовка за полагање BULATS
Фонд на часови: 40 часа од по 45 минути.
Интензитет: 2 или 3 пати неделно по 2 часа (90 минути).
БУЛАТС (Business Language Testing Service) е меѓународно признат испит на
Одделот за сертифицирање на англиски јазик при Универзитетот Кембриџ наменет за компании, организации и високо образовни институции. Обезбедува брза и сигурна проверка на јазичните вештини на поединци или групи на вработени или студенти.
Наменет е да го утврди нивото на познавање на јазикот за вработени кои користат англиски во својата работа и за студенти и вработени кои се дел од курсеви или програми за обука каде познавањето англиски јазик е важен елемент на образовните програми.
Тестот има два дела: читање и слушање и трае околу 85 минути.
Повеќе информации за испитот може да најдете на http://www.britishcouncil.mk/exam/bulats
ЕСП најпрвин го тестира моменталното познавање на англискиот јазик на потенцијалните кандидати и согласно со пакетот вештини коишто кандидатот сака да ги тестира, врши општа јазична подготовка и запознавање со структурата на тестот Bulats.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар
ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.