Подготовка за Специјализиран курс - финансиски англиски јазик (ICFE)
  • Подготовка за Специјализиран курс - финансиски англиски јазик (ICFE)

Подготовка за Специјализиран курс - финансиски англиски јазик (ICFE)

11.200 ден.
без ДДВ: 11.200 ден.
Шифра на производ: 200924104512
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Подготовка за Специјализиран курс - финансиски англиски јазик (ICFE)

Курсот се состои од вкупно 100 часа х 45 минути. Интензитетот на курсот е 3 пати неделно по 3 часа. Се работи по програма на Кембриџ - English for the Financial Sector, Professional English in use: Finance  која се состои од вкупно 24 лекции, од кои одреден број лекции опфаќаат конкретна финансиска област како инвестициско банкарство, управување со средства, сметководство, трговски финансии, финансиско известување, итн., додека другите лекции се фокусираат врз вежбање на вештините за деловна комуникација- телефонирање, учествување на состаноци, пишување писма, имејл, извештаи, преговори и презентации - во финансиски контекст.

Кои се целите на курсот?

  • Да ги објасни основните концепти на повеќето области во финансиите
  • Да го изгради вашиот финансиски вокабулар преку читање, слушање и дискусии
  • Да го развие вашето разбирање на финансиски текстови
  • Да ги развие вашите вештини на слушање финансиски англиски
  • Да ги усоврши вашите говорни вештини преку дискусии, проучување на случаи и ситуации
  • Да ја развие вашата деловна комуникација преку зголемување на вашата самодоверба и течно изразување во низа вештини
  • Да овозможи вежбање на посебни јазични функции како што се советување, давање предлози, заклучоци, ревизија, појаснување и итн.

Како овој курс ќе ви помогне да ги постигнете горенаведените цели?

За постигнување на овие цели, курсот се фокусира на неколку аспекти од финансиски  англиски јазик. Овие аспекти вклучуваат: анализа и обработка на автентични интервјуа со луѓе што работат во областа на финансиите, автентични деловни текстови за читање, разбирање и активности за изучување вокабулар, и дискусии.

Секоја лекција има јазичен фокус кој опфаќа одредена јазична област.

Активности кои се насочени кон реални ситуации од финансиската индустрија.

Специјализираниот курс по финансиски англиски јазик е поставен на нивоата B2-C1 од јазичната рамка на Советот на Европа, односно високо средно ниво и напредно ниво. Курсот е наменет за сите кои имаат потреба да го користат англискиот јазик во области на финансиското работење. Овој курс целосно ги подготвува слушателите за Меѓународна Диплома по финансиски англиски јазик (ICFE) на Универзитетот во Кембриџ која слушателите може да ја полагаат по свој избор, по завршувањето на курсот. Доколку размислувате или сте се одлучиле за полагање за оваа Диплома, како дел од курсот, нашето училиште ви нуди можност за полагање на преттестирање, односно симулација на вистинскиот тест од Универзитетот во Кембриџ. Тестовите се подготвуваат, администрираат и се прегледуваат од стручен тим на испитувачи при Кембриџ ЕСОЛ. Услугата на преттестирање е бесплатна за слушателите на курсот.  

Повеќе информации на:

Меѓународна диплома по финансиски англиски (ICFE)
Универзитетот во Кембриџ, одделот за сертифицирање на познавањето на англискиот јазик и ACCA (Association of Chartered Certified Accountants) го подготвија испитот ICFE (International Certificate in Financial English) за познавање на англискиот јазик во областа на финансиите. Овој испит е идеална квалификација за секој кој планира или веќе гради кариера во областа на финансиите и сметководството.

Испитот трае околу 3 часа и се состои од 4 дела: читање (75 мин.), пишување (75 мин.), слушање (40 мин.) и говорење (16 мин.). Кандидатите кои ќе го положат испитот ќе бидат способни да го користат јазикот во практични ситуации, да учествуваат на состаноци и дискусии од областа на финансиите, јасно да ги искажуваат своите мислења и да ги разбираат финансиските документи, вклучувајќи и финансиски извештаи, писма и понуди.

Дипломата е доживотна и е поставена на нивоата B2-C1 во јазична рамка на Советот на Европа

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS