google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Стрес и управување со стрес
  • Стрес и управување со стрес

Стрес и управување со стрес

5.192,00 €
без ДДВ: 4.400,00 €
Шифра на производ: 200921185524
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Стрес и управување со стрес

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за справање со стрес и управување со стресни ситуации, преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да препознаат симптоми на стрес, како и симптоми на прегорување кај себе и кај други; да ги идентификуваат причинителите за стрес; да употребат техники за избегнување и/или справање со стрес и стресни ситуации; да постават и применат стратегии за справување со стрес, како во работната средина, така и на лично поле, и друго.

Опфат – теми

  • Што е притисок?
  • Што е стрес?
  • Хиерархија на вештини на управување со сопствениот живот
  • Индикатори на стрес
  • Организациски стресови
  • Лични стресови
  • Поврзаност меѓу изведба и ниво на стрес
  • Клучни фактори во стресот
  • Причинители на стрес
  • Тип на личност
  • Симптоми на стрес
  • Когнитивни, емоционални, физички, бихевиорални симптоми
  • Што е прегореност?
  • Симптоми на прегореност
  • Начини за справување со стрес и стресни ситуации
  • Стратегии за справување со стрес
  • ПЕРМА-модел
  • Организациски и персонални стратегии
  • Совети за избегнување и справување со стрес
  • Техники на релаксација

Целна група

Оваа обука е наменета за секој којшто сака да се научи да применува техники и алатки за избегнување и/или справување со стрес и стресни ситуации.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Стрес и управување со стрес Стрес и управување со стрес Цел на обуката Целта на обуката е стекнување вештини за справање со стрес и управување со стресни ситуации, преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да препознаат симптоми на стрес, како и симптоми на прегорување кај себе и кај други; да ги идентификуваат причинителите за стрес; да употребат техники за избегнува.. Category: Product #: 200921185524 Regular price: 5.192,00 € 5.192,00 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО