google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Управување со тимови со високи перформанси
  • Управување со тимови со високи перформанси
  • Управување со тимови со високи перформанси

Управување со тимови со високи перформанси

11.918 ден.
без ДДВ: 10.100 ден.
Шифра на производ: 201020084017
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Управување со тимови со високи перформанси

Цел на обуката

Јакнење на улогата на раководителите и тим-лидерите во придонесот кон развој на тимови со високи перформанси, а со самото тоа и кон развој на организацијата. Јакнење на вештини за комуникација во односите меѓу членовите на тимот и во самата организација. Развивање на оптимистички и победнички дух, самомотивација и мотивација на членовите на тимот во организацијата. Препознавање и развивање емпатија, транспарентност и решителност како едни од главните карактеристики на лидерите. Запознавање со алатки и техники кои се практично применливи за раководителите и тим-лидерите заради развој и управување со тимови со високи перформанси во секојдневното работење.

По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки при градење и раководење со успешни тимови и постигнување на целите на тимот; да изберат членови врз основа на потребите на работата; да применат техники за градење меѓусебна доверба; да разменуваат информации, применувајќи комуникациски вештини за работа со тим; да применуваат техники за справување со непродуктивен тим; да градат тимски дух и друго.  

Опфат – теми

  • Што е тим и работа во тим?
  • Што е тим со високи перформанси? По што се разликува од другите тимови?
  • Улогата на тимот за успехот на одделот како и за успехот на целата организација
  • Каде е тимот во организациската структура
  • Типови на тимови
  • Карактеристики на тим со високи перформанси
  • Работа во тим
  • Фази на градење тимови со високи перформанси
  • Вештини што се потребни за исполнување на работните обврски и слично
  • Избор на членови
  • Типови членови во тимот
  • Градење доверба меѓу членовите во тимот – модел
  • Јакнење на тимот
  • Развој и градење на тимска култура
  • Клучни фактори за успешен тим
  • Начини за придонес кон тимската работа
  • Начини на водење тим
  • Начини и техники за справање со непродуктивни тимови
  • Како да се стекне почит од другите членови во тимот
  • Начини и техники за развој на тимски дух
  • Како да се биде добар член на тим
  • Логички нивоа на тимот според структурата на организацијата
  • Градење победнички дух
  • Медијација и надминување конфликти во тимот
  • Лидери на тимови со високи перформанси, карактеристики
  • Мотивирање тимови
  • Тимска поврзаност и самомотивација
  • Ангажираност, лична и тимска одговорност
  • Успешни модели
  • Техники и алатки за развој и управување со тимови со високи перформанси
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат и/или ќе работат како менаџери, управители, тим-лидери. Стекнатите вештини ќе може да се применат за развој и раководење на успешни тимови со високи перформанси,  како и за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или да ги подобрат своите вештини за раководење со тимови.   

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневното работење. Материјалите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Управување со тимови со високи перформанси Управување со тимови со високи перформанси Цел на обуката Јакнење на улогата на раководителите и тим-лидерите во придонесот кон развој на тимови со високи перформанси, а со самото тоа и кон развој на организацијата. Јакнење на вештини за комуникација во односите меѓу членовите на тимот и во самата организација. Развивање на оптимистички и победнички дух, самомотивација и мотивација на члено.. Category: Product #: 201020084017 Regular price: 11.918 ден. 11.918 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО