google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Подготовка за IELTS
  • Подготовка за IELTS

Подготовка за IELTS

8.500 ден.
без ДДВ: 8.500 ден.
Шифра на производ: 200923215522
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Подготовка за IELTS

56 часа по  45 мин

IELTS, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English Language Testing System), e водечки светски тест за познавање на англискиот јазик, со преку 1,7 милиони полагања минатата година.

IELTS ги оценува сите ваши вештини на англиски јазик — читање, пишување, слушање и зборување, и е осмислен на начин што покажува како ќе се служите со англискиот јазик за време на студиите, на работното место или во слободното време при вашиот нов живот во странство.

Тестот IELTS е меѓународен тест за познавање на англиски јазик и има важност од две години. Тестот има две варијанти: општа (General Module), што ја полагаат кандидатите за иселеничка виза, и академска (Academic Module), за кандидти за студии во Европа, Северна Америка и Австралија.

Испитот IELTS се состои од четири дела што посебно се полагаат: слушање на говор од касета на дадена тема (Listening), текст на дадена тема со придружни прашања на кои треба да се даде одговор (Reading), пишување состав на дадена тема (Writing) и разговор (Interview).

Запишување:

За да се посетува подготовката за полагање на IELTS, слушателите мора да имаат многу солидна основа и добро да го познаваат англискиот јазик. Тоа се утврдува со тестирање кое го спроведува предавачкиот кадар во ЕСП, и врз основа на тој тест слушателите се квалификуваат за посетување на подготовката.

Програмата се работи по 2 книги:

  • Preparation and Practice - Reading and Writing
  • Preparation and Practice - Listening and Speaking

Исто така, се користат и тестови од книгата Cambridge Practice Tests for IELTS, кадешто има 4 теста. IELTS се работи по два модула и тоа ACADEMIC и GENERAL MODULE. За двата модула, книгата за подготовка за слушање и зборување е иста, додека за читање и пишување е различна. Доколку се работи со група слушатели кои се подготвуваат за еден ист модул тогаш подготовката е поедноставна, но доколку групата е составена од слушатели кои се подготвуваат и за двата модула, тогаш подготовката треба да се приспособи според слушателите и нивниот индувидуален прогрес.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Подготовка за IELTS Подготовка за IELTS 56 часа по  45 мин IELTS, односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English Language Testing System), e водечки светски тест за познавање на англискиот јазик, со преку 1,7 милиони полагања минатата година. IELTS ги оценува сите ваши вештини на англиски јазик — читање, пишување, слушање и зборување, и е осмислен на начин што покажува как.. Category: Product #: 200923215522 Regular price: 8.500 ден. 8.500 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО