google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Менаџирање со работна сила од далечина
  • Менаџирање со работна сила од далечина
  • Менаџирање со работна сила од далечина

Менаџирање со работна сила од далечина

11.918,00 €
без ДДВ: 10.100,00 €
Шифра на производ: 201020090800
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Менаџирање со работна сила од далечина

Успешноста на компанијата зависи од работната сила и од нејзината посветеност и ангажираност. Отсуството на физичко присуство ја отежнува целата работа на компанијата. Менаџирањето со работна сила од далечина претставува предизвик за секој менаџер, тим-лидер, раководител и управител. Недостатокот на синхронизација меѓу вработените и меѓу менаџерите и вработените, недостатокот на информации и/или нивно отежнато добивање, отежнатата комуникација, дефокусирањето или прекините во работата во домашни услови и други фактори, често доведуваат до бариери во комуникацијата, кои, пак, ја отежнуваат работата на сите вработени во организацијата.

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за лесно менаџирање со работна сила од далечина. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да применат техники и алатки како и да научат конкретни начини за надминување на предизвиците при работа од далечина; лесно да менаџираат со работната сила од далечина; да утврдат работно време и работни задачи со рокови; да воспостават редовни видео состаноци – со однапред утврдени термини и дополнителни, по потреба; да овозможат видео состаноци еден-на-еден за секој кој има потреба или доколку потребата сама по себе го налага тоа; да изградат доверба меѓу вработените; да покажат транспарентност и достапност за вработените; да употребат коучинг  во услови на работа од далечина; да утврдат процедури и начини на размена на информации меѓу вработените, тим-лидерите и менаџерите, и друго.

Опфат – теми

  • Вовед во менаџирање со работна сила од далечина
  • Улогата на менаџерот при работа на тимовите од далечина
  • Предизвици при работата од далечина – Утврдување/разбирање/прифаќање и нивно надминување
    • Недостаток на надзор и поддршка „лице в лице“  
    • Недостаток на информации и/или отежнато добивање информации – од, до и меѓу вработените
    • Социјална/физичка изолација и/или чувство на неприпаѓање
    • Дефокусирање или прекини на работата во домашни услови
    • Отежната комуникација
    • Полиња на недоразбирање – бариери во комуникацијата
    • Отпор кон промени
    • Недостаток на синхронизација меѓу вработените, и меѓу менаџерите и вработените
    • Нови процеси, процедури и начини на работа
    • Промена на работната средина и околина
    • Ограничувања при работа од далечина/менаџирање од далечина
    • Очекувања и задолженија
    • Мотивација на вработените во услови при работа од далечина и одржување позитивна атмосфера
    • Самомотивација на менаџерот во услови при работа од далечина и одржување позитивна атмосфера
    • Ангажираност на вработените во услови при работа од далечина
    • Тешкотии при давање фидбек на вработените во услови при работа од далечина
    • Одржување ефективни состаноци на онлајн-платформи
    • Планирање и организирање во услови при работа од далечина
    • Мониторинг на активности, ресурси
    • Отежнато делегирање
    • Стрес
    • Друго
  • Техники и алатки, како и конкретни начини за надминување на предизвиците при работа од далечина
  • Менаџирање со работната сила од далечина
  • Утврдување работно време и работни задачи, рокови
  • Редовни видео состаноци – со однапред утврдени термини и дополнителни термини, по потреба
  • Видео состаноци „еден-на-еден“
  • Градење доверба
  • Транспарентност
  • Достапност
  • Коучинг во услови на работа од далечина
  • Организација и структура во услови на работа од далечина
  • Обука
  • Утврдени процедури и начини на размена на информации меѓу вработените, тим-лидерите и менаџерите

Целна група

Оваа обука е наменета за сите тим-лидери, менаџери, раководители и управители, кои во делот на своето работење или во целото работење управуваат со тимови и вработени од далечина. Исто така, наменета е и за сите оние кои сакаат да се стекнат со вештини за раководење со тимови и вработени од далечина.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници. Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентациите ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Менаџирање со работна сила од далечина Менаџирање со работна сила од далечина Успешноста на компанијата зависи од работната сила и од нејзината посветеност и ангажираност. Отсуството на физичко присуство ја отежнува целата работа на компанијата. Менаџирањето со работна сила од далечина претставува предизвик за секој менаџер, тим-лидер, раководител и управител. Недостатокот на синхронизација меѓу вработените и меѓу менаџерите и врабо.. Category: Product #: 201020090800 Regular price: 11.918,00 € 11.918,00 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО