google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Вештини на преговарање
  • Вештини на преговарање
  • Вештини на преговарање

Вештини на преговарање

5.192,00 €
без ДДВ: 4.400,00 €
Шифра на производ: 200921185834
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Вештини на преговарање

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини на преговарање преку користење соодветни алатки и техники. По завршување на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат преговарачки техники и алатки; да ги идентификуваат и да ги дефинираат фазите на преговарање; самостојно да се подготват и да извршат истражување пред претстојно преговарање; да употребат различни стилови на преговарање; да употребат клучни стратегии за успешно преговарање; да постават правила кои водат до ефективни преговори; да употребат поинакви пристапи при преговарање; да создадат ситуација во која секоја страна е добитник; да развиваат сценарија за постигнување договор и друго.

Опфат – теми

  • Што е преговарање – дефинирање
  • Клучни вештини при преговарање
  • Видови преговори
  • Фази на преговарање
  • Подготовка и истражување за претстојни преговори
  • Матрица на преговарање
  • Процес на преговарање: алатки, техники и тактики
  • Дебата - размена на информации
  • Пазарење, стилови на пазарење, креативно пазарење
  • Употреба на клучни стратегии за успешно преговарање
  • BATNA, WATNA, WAP, ZOPA
  • Бариери при преговарање
  • Поставување правила кои водат до ефективни преговори
  • Употреба на поинакви пристапи кон преговори
  • Како да одговориме на предизвик при преговарање
  • Креирање win-win („и волкот сит, и овците на број“) ситуација
  • Што да се избегнува при преговарање
  • Комуникација (вербална и невербална) при преговори
  • Стилови при преговарање
  • Развивање сценарио за постигнување договор
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да стекнат и/или да ги подобрат своите вештини на преговарање.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер, со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Вештини на преговарање Вештини на преговарање Цел на обуката Целта на обуката е стекнување вештини на преговарање преку користење соодветни алатки и техники. По завршување на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат преговарачки техники и алатки; да ги идентификуваат и да ги дефинираат фазите на преговарање; самостојно да се подготват и да извршат истражување пред претстојно преговарање; да употребат различн.. Category: Product #: 200921185834 Regular price: 5.192,00 € 5.192,00 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО