google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Комуникациски вештини
  • Комуникациски вештини

Комуникациски вештини

5.192 ден.
без ДДВ: 4.400 ден.
Шифра на производ: 200917163231
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Комуникациски вештини

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и подобрување на комуникациските  вештини преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки со кои ќе ги надминат полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваат техники на слушање и поставување прашања; да применуваат начини на кажување НЕ; да употребуваат асертивна комуникација на работното место, како и во приватниот живот; и да препознаат непродуктивни стилови на комуникација од самите себе и од другите, а и да применуваат алатки и техники за надминување на можни бариери, со цел ефективна и непречена комуникација и друго.

Опфат – теми

  • Што е комуникација – дефинирање на комуникацијата
  • Видови комуникација
  • Интерперсонална комуникација
  • Комуникациски циклус
  • НЛП-комуникациски модел и примена
  • Филтри при комуникација
  • Полиња на недоразбирање – бариери во комуникацијата
  • Совладување и надминување на бариерите во комуникацијата
  • Што е вешт комуникатор?
  • Поставување прашања
  • Вештини на слушање
  • Градење однос (Rapport)
  • Вербална и невербална комуникација
  • Говор на телото и гестикулации
  • Петте комуникациски стила
  • Асертивна комуникација
  • Начини како да се каже НЕ
  • Фидбек (двонасочна повратна информација) – начини и потреба
  • Подобрување на комуникациските вештини
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да ги подобрат своите комуникациски вештини.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД-проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа, во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Комуникациски вештини Комуникациски вештини Цел на обуката Целта на обуката е стекнување и подобрување на комуникациските  вештини преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката, учесниците ќе можат: да употребуваат техники и алатки со кои ќе ги надминат полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваат техники на слушање и поставување прашања; да применуваат начин.. Category: Product #: 200917163231 Regular price: 5.192 ден. 5.192 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО