google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Грижа за клиенти
  • Грижа за клиенти

Грижа за клиенти

10.502 ден.
без ДДВ: 8.900 ден.
Шифра на производ: 201020081316
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Грижа за клиенти

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините на грижа за клиенти преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат и да утврдуваат потреби на клиентите; да употребуваат техники за градење однос со клиентите; да се прилагодуваат на поинакви стилови на однесување; да се справат со тешки клиенти и со стресни ситуации; да идентификуваат проблем и да изнајдат решение; да проследуваат поплаки, сугестии и пофалби од клиентите и друго.

Опфат – теми

  • Дефинирање профил на клиентите
  • Што е грижа за клиенти?
  • Од добра до одлична грижа за клиенти
  • Утврдување на потребите на клиентите
  • Дефинирање цели и очекувани резултати
  • Учесници во процесот
  • Внатрешни и надворешни клиенти
  • Комуникациски вештини со употреба на НЛП-техники
  • Проценка на потребите на клиентите
  • Очекувања и перцепција на клиентите
  • Задоволување на потребите на клиентите
  • Градење доверба
  • Градење однос со клиентите
  • Прилагодување кон поинакви стилови на однесување
  • Лојални клиенти
  • Привлекување лојални клиенти
  • Справање со тешки клиенти
  • Справање со тешки ситуации со клиенти
  • Справање со стрес и стресни ситуации
  • Идентификување проблем и изнаоѓање решение
  • Поплаки, пофалби и сугестии од клиентите – техники и начини на проследување
  • Методи, техники и алатки за грижа за клиенти
  • Процес на постојано подобрување

Целна група

Оваа обука е наменета за вработени кои се, или ќе бидат во директен контакт со клиенти, како и сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на грижа за клиенти.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.

По завршување на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Грижа за клиенти Грижа за клиенти Цел на обуката Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините на грижа за клиенти преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат и да утврдуваат потреби на клиентите; да употребуваат техники за градење однос со клиентите; да се прилагодуваат на поинакви стилови на однесување; да се справат со тешки.. Category: Product #: 201020081316 Regular price: 10.502 ден. 10.502 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО