Развивање емоционална интелигенција
  • Развивање емоционална интелигенција
  • Развивање емоционална интелигенција

Развивање емоционална интелигенција

5.428 ден.
без ДДВ: 4.600 ден.
Шифра на производ: 201029163808
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Развивање емоционална интелигенција

Способност да се управува со сопствените емоции и со емоциите на другите, со цел да се постигнат саканите исходи.

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и/или развивање вештини на самосвесност, социјална свесност, самодоверба и социјални компетенции преку користење соодветни методи, алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат емоции и однесувања кај себе и другите; да ја подобрат самодовербата; да се справат со однесувањето на други во разни социјани ситуации; да развијат лични компетенции;  да го зголемат коефициентот на емоционална интелигенција; да се самомотивираат и друго.

Опфат – теми

  • Што е емоционална интелигенција (ЕИ)?
  • IQ и EQ
  • Коефициент EQ и значење
  • Главни компоненти на ЕИ
  • Самосвесност (сопствени расположенија и емоции)
  • Самоуправување (контрола врз емоциите)
  • Социјална свесност (создавање однос со нови луѓе)
  • Управување со меѓучовечки односи
  • Развивање самосвесност
  • Градење самодоверба
  • Развивање интерперсонални вештини
  • Развивање социјални компетенции
  • Начини за зголемување на вашиот коефициент на емоционална интелигенција (ЕQ)
  • Начини на препознавање на своите емоции и нивно значење
  • Самомотивација
  • Начини на препознавање на емоциите кај другите
  • Емоции и однесување
  • Емоции и мисли
  • Влијание на емоциите врз нашето однесување
  • Влијание на емоциите на другите врз нивното однесување
  • Управување со емоциите
  • Справување со односите со другите
  • Модел на компетенции
  • Лични компетенции – развивање
  • Општествени компетенции
  • Модел на способност
  • Основни емоции
  • Алатки, техники и модели за развивање емоционална интелигенција  
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите оние кои сакат научат или развијат вештини на самосвесност, социјална свесност, самодоверба и социјални компетенции преку користење соодветни методи, алатки и техники, и за сите оние кои сакаат да го подобрат својот коефициент на емоционална интелигенција.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали што ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршување на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686                                                

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS