Ефективно лидерство и менаџмент
  • Ефективно лидерство и менаџмент

Ефективно лидерство и менаџмент

9.676 ден.
без ДДВ: 8.200 ден.
Шифра на производ: 200921181947
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Ефективно лидерство и менаџмент

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините за ефективно лидерство (водство) преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да ги увидат разликите помеѓу менаџирање и лидерство; да се запознаат со поинакви лидерски стилови; препознаат лидерски стил кај себе и кај останатите; да применат соодветен лидерски стил во зависност од ситуацијата (ситуациско лидерство); да препознаат карактеристики според DISC димензии; да ги употребат научените лидерски вештини при работењето преку примена на алатките и инструменти и да го подобрат работењето во организацијата/институцијата; и друго.

Опфат –теми

  • Што е лидерство? Што е менаџмент?
  • Лидерство наспроти менаџмент
  • Теории за лидерство
  • Лидерски стилови
  • Менаџерски стилови и теории
  • Ситуациско лидерство  - Модел  и негова примена
  • Ефективен лидерски личен развоен план
  • Влијание и комуникација
  • Важноста на менаџерските стилови – градење доверба
  • LASI инструмент и примена
  • DISC – Модел на однесување
  • Креирање ефективни тимови со употреба на DICS
  • 8 димензии на лидерство
  • Важноста на информациите при донесување одлуки
  • Употреба на лидерски стил при комуникација со вработени; давање feedback (повратна информација) и друго
  • Рецепти за ефективен лидер
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за менаџери, раководители и други одговорни лица како и за сите оние кои сакаат да се стекнат со вештини за ефективно лидерство.   

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа. При физичко присуство
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува еднаш неделно во период од 4 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Тагови: Обуки, Training

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS