Ефективно управување со времето
  • Ефективно управување со времето

Ефективно управување со времето

4.838 ден.
без ДДВ: 4.100 ден.
Шифра на производ: 200921185209
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Ефективно управување со времето

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за ефективно управување со времето преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да поставуваат цели и приоритети; да се справат со прекини и одолговлекувања; да го планираат и да го организираат времето; да употребуваат алатки и техники за ефективно управување со времето  и друго.

Опфат –теми

  • Што е време и како го управуваме?
  • Зошто е важно да управуваме со времето?
  • Анализа – Activity Log
  • Поставување цели и видови цели
  • Мотивација за постигување на целите
  • Прекини
  • Справување со прекините
  • Одолговлекување
  • Чекори за надминување на одлоговлекувањето
  • Начини како да се каже НЕ
  • Одлучување што е битно
  • Цели и приоритети (SMART)
  • Алатки за управување со времето
  • Техники и методи (Time Management Matrix, ABC Method, Pared Comparison)
  • TO-DO листа, Акционен план
  • Вештини на планирање
  • Планирање и организирање
  • План и запис на активности
  • Идентификување time wasters
  • Совети за ефективно управување со времето
  • 30 начини како да ефективно да управувате со вашето време
  • Tips & tricks
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за ефективно управување со времето.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и со употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието на работа, како и за управување со сопственото време. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува два пати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката секој учесник добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS