Развој и управување на човечки ресурси
  • Развој и управување на човечки ресурси

Развој и управување на човечки ресурси

9.676 ден.
без ДДВ: 8.200 ден.
Шифра на производ: 200921222644
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card
Развој и управување на човечки ресурси

Цел на обуката

Целта на обуката е усовршување и/или стекнување вештини за управување на човечки ресурси преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да развијат стратегија за развој и управување на човечки ресурси; да извршат анализа на работно место и работни задачи; да направат план за избор на нови вработени; да извршат регрутација и селекција на кадар; да идентификуваат потреби за обуки, тренинзи и надградба на вработени; да вршат оценување и евалуација; да направат подготовка за трансфери; да употребат алатки и техники за справање со конфликтни ситуации; да управуваат со промени; да решаваат проблеми; и друго.

Опфат –теми

  • Основни приципи на управување со човечки ресурси
  • Организација и организациска структура
  • Развивање стратегија за развој на човечки ресурси и имплементација
  • Планирање
  • Анализа на работно место и работни задачи
  • Планирање избор на нови вработени
  • Регрутација и селекција на нововработени
  • Идентификување потреби за обука и надградба
  • Обуки, тренинзи и надградба на вработени
  • Поддршка и развој на човечки ресурси
  • Управување со кариерата на вработените
  • Оценувања, евалуација на работата и начини на наградување
  • Мотивација и стимулирање на вработените
  • Подготовки за трансфери
  • Промени и управување со промени
  • Справање со проблеми и  конфликтни ситуации

Целна група

Оваа обука е наменета за вработени во (HR) одделот за човечки ресурси, како и за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за развој и управување на човечки ресурси.   

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • Обуката е дводневна. Вкупно 10 часа. 2 дена по 5 часа при физичко присуство
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува еднаш неделно во период од 3 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS