Мотивација
  • Мотивација

Мотивација

5.428 ден.
без ДДВ: 4.600 ден.
Шифра на производ: 201029162709
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Мотивација

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и/или подобрување на вештините за мотивирање, градење самодоверба, поставување и посигнување цели преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да идентификуваат мотиватори; да идентифукуваат фактори кои влијаат на мотивацијата; да постават цели; да извршат анализа и да утврдат задоволство од работата; да постават системи за мотивирање и друго.

Опфат – теми

  • Што е мотивација?
  • Тркало на животот
  • Цели и приоритети
  • Организирање на сопственото време (на работа и приватно)
  • Мотивација во организација и организациска култура
  • Алатки за мерење на задоволството од работата (лично)
  • Критериуми за задоволство (идентификување)
  • Идентификување на мотиватори
  • Теории на мотивација и како да се применат
  • Фактори што влијаат на мотивацијата
  • Вредности
  • Поставување цели
  • Видови цели
  • План на делување
  • Градење самодоверба
  • Што мотивира?
  • Мотиватори и демотиватори
  • Циклус на мотивација
  • Системи за мотивирање
  • Надворешни и внетрешни фактори за мотивација
  • Развивање вештини за мотивација
  • Како до промени и посакувани резултати
  • Чекори за промени
  • Карактеристики на лично остварување
  • 6 чекори до успех
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за сите оние кои сакат да научат и да стекнат вештини да се самомотивираат, како и да мотивираат други (вработени, колеги итн.). 

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и други дополнителни материјали што ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршување на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686                                                             

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS