google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Презентациски вештини
  • Презентациски вештини

Презентациски вештини

5.192,00 €
без ДДВ: 4.400,00 €
Шифра на производ: 201014174341
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card
Презентациски вештини

 

 

 

Цел на обуката

 

 

 

Целта на обуката е стекнување со презентациски вештини. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да дефинираат цели на презентација; да извршат анализа на потребите на слушателите; да планираат, да структурираат и да извршат презентација;  да подготват материјали; да се подготват за можни прашања; да користат вербална и невербална комуникација на ефективен начин; да се справаат со прекини за време на презентацијата; да употребуваат визуелни помагала; да ја надминат тремата пред презентирањето; да изградат самодоверба при презентирањето; да употребуваат вештини на презентирање и комуникација; да управуваат со групна динамика; да се справат со тешки ситуации и учесници, и друго.

 

 

 

Опфат –теми

 

 

 

  • Што е јавно говорење/презентација
  • Кога презентацијата е успешна
  • Што треба да се знае и да се совлада за презентацијата да биде успешна
  • Цели на презентирање
  • Подготовка за презентација
  • Анализирање на потребите на слушателите
  • Алатки за планирање
  • Структурирање на презентацијата и материјалите
  • Формулари; Обрасци; Дополнителни материјали; Проби; Подготовка за прашања
  • Презентирање и јавно говорење
  • Комуникациски вештини
  • Вербална и невербална комуникација
  • Држење на телото и гестикулација
  • Начини на справување со прекини за време на презентирањето
  • Управување со групна динамика
  • Работа со визуелни помагала
  • Начини за надминување на тремата
  • Градење самодоверба
  • Друго

 

 

 

Целна група

 

 

 

Оваа обука е наменета за сите вработени кои во делот на нивното работење презентираат / говорат или ќе презентираат / ќе говорат пред група вработени, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со презентациски вештини.

 

 

 

Методологија на работа

 

 

 

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

 

 

 

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката преку изготвување презентација (во Power Point) и презентирање пред групата учесници.  Секој учесник ќе добие повратни информации за индивидуалната презентација.

 

 

 

Материјали

 

 

 

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

 

 

 

Времетраење

 

 

 

  • При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува два пати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

 

 

 

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

 

 

 

Повеќе информации и пријавување на:

 

 

 

тел. 3246-041; 075 446-686

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Презентациски вештини Презентациски вештини       Цел на обуката       Целта на обуката е стекнување со презентациски вештини. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да дефинираат цели на презентација; да извршат анализа на потребите на слушателите; да планираат, да структурираат и да извршат презентација;  да подготват материјали; да се подготват за можни прашања; да користат вербална и .. Category: Product #: 201014174341 Regular price: 5.192,00 € 5.192,00 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО