Управување со проекти
  • Управување со проекти

Управување со проекти

10.148 ден.
без ДДВ: 8.600 ден.
Шифра на производ: 201014202844
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Управување со проекти

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за управување со проекти преку користење соодветни техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: самостојно да дефинираат фази на проектот; да дефинираат општи цели, посебни цели, како и  резултати и активности на проектот; да извршат алокација и да управуваат со проектни ресурси; да подготват и да управуваат со проектен буџет; да утврдат и да управуваат со критична патека; да вршат мониторионг и евалуација на проект; да подготвуваат извештаи за проекти; да затворат проект; и друго.

Опфат –теми

  • Што е проект?
  • Проектен циклус и фази
  • Логичка рамка
  • Идентификување на главен проблем
  • Анализа на засегнати страни
  • Анализа на проблеми (дрво на проблеми)
  • Анализа на цели (дрво на цели)
  • Анализа на стратегии
  • Вовед во матрица на логичка рамка
  • Вертикална логика на интервенција  - општа цел, цел на проектот, резултати и активности
  • Надворешни фактори – Претпоставки и предуслови
  • Хоризонтална логика на интервенција – индикатори и извори на верификација
  • Временска рамка на активности
  • Управување со проектни ресурси
  • Раководење со проекти
  • Утврдување на критична патека (Critical Path)
  • Основни елементи на проектен буџет – креирање буџет
  • Мониторинг и евалуација на проект
  • Извештај за проект
  • Проектен дизајн
  • Работа со повеќе проекти
  • Затворање на проект
  • Користење алатки (Gantt Chart, PERT Chart)

Целна група

Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат како менаџери на проекти, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на управување.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат при секојдневното работење ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • Обуката е дводневна. Вкупно 12 часа. Два дена по 6 часа, при физичко присуство
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува еднаш неделно во период од 4 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Тагови: Project Management

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS