Стратешко планирање
  • Стратешко планирање

Стратешко планирање

11.564 ден.
без ДДВ: 9.800 ден.
Шифра на производ: 201020081829
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Стратешко планирање

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за стратешко планирање  преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да извршат надворешна и внатрешна анализа на средината на фирма/компанија/организација; да употребат алатки за анализа; да направат стратешки избор; да дефинираат стратешки цели и насоки; да изработат план за спроведување на стратешки цели; да подготват буџет во склоп на стратешки план и друго.

Опфат – теми

  • Разбирање на основните концепти на стратешко размислување
  • Опис на процесот на стратешко планирање
  • Основни компоненти на стратешки развој
  • Важноста на планирањето и креативноста при развивање стратегија
  • Влијанија (надворешни и внатрешни)
  • Важноста на лидерството во процесот на стратешко планирање и имплементација
  • Анализа на средината
  • Очекувања, цели и моќи
  • Анлиза на ресурси
  • Методологија и алатки за работа на внатрешна и надворешна анализа
  • Анализа на релациите со надворешни актери – институциограм
  • Матрица на опфат
  • Модели и рамки при стратешко планирање
  • Анализа на ризици и ограничувања и развој на план за надминување
  • Внатрешна анализа (SWOT)
  • Стратешки избор
  • Дефинирање на стратешки насоки
  • Предизвици при имплементација на стратешкиот план и справување со нив
  • Изработка на план за спроведување на стратешки цели
  • Подготовка на буџет во склоп на стратешки план
  • Ангажираност на вработените во процесот
  • Управување со промени во процесот
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за менаџери кои управуваат со  компании/фирми/организации, како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на стратешко планирање.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневното работење. Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е дводневна. Вкупно 12 часа, 2 последователни дена по 6 часа дневно.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува 2 пати неделно по 3 часа во период од 2 недели.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS