Стрес и управување со стрес
  • Стрес и управување со стрес

Стрес и управување со стрес

4.838 ден.
без ДДВ: 4.100 ден.
Шифра на производ: 200921185524
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Стрес и управување со стрес

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување вештини за справање со стрес и управување со стресни ситуации преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да препознаат симптоми на стрес како и симптоми на прегорување кај себе и кај други; да ги идентификуваат причинителите за стрес; да употребат техники за избегнување и/или справање со стрес и стресни ситуации; да постават и применат стратегии за справување со стрес како во работната средина така и на лично поле; и друго.

Опфат –теми

  • Што е притисок?
  • Што е стрес?
  • Хиерархија на вештини на управување со сопствениот живот
  • Индикатори на стрес
  • Организациски стресови
  • Лични стресови
  • Поврзаност помеѓу изведба и ниво на стрес
  • Клучни фактори во стресот
  • Причинители на стрес
  • Тип на личност
  • Симптоми на стрес
  • Когнитивни, емоционални, физички, бихевиорални симптоми
  • Што е прегореност?
  • Симптоми на прегореност
  • Начини за справување со стрес и стресни ситуации
  • Стратегии за справување со стрес
  • ПЕРМА Модел
  • Организациски  и персонални стратегии
  • Совети за избегнување и справување со стрес
  • Техники за релаксација

Целна група

Оваа обука е наменета за секој којшто сака да се научи да применува техники и алатки за избегнување и/или справување со стрес и стресни ситуации.  

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Он-лине обуката се одвива преку платформа за он-лине обуки.

Секој учесник ќе има можност на крајот од обуката практично да ги примени вештините и техниките совладани за време на обуката.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци; и други дополнителни материјали кои ќе може да се користат во секојдневието.  Материјалите ќе  бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за он-лине обука и истата се одржува два пати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува веќе 21 годинa на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Секој од овие четири оддели на ЕСП успешно функционира и се развива во насока на целосно исполнување на потребите на клиентите, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2020. UKION SHOPS