google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Кинески јазик

Кинески јазик

8.600 ден.
без ДДВ: 8.600 ден.
Шифра на производ: 240404155027
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

 

Наставна програма HSK за следење на курс по кинески јазик

HSK (汉语水平考试 - hanyu shuiping kaoshi) е материјал кој е стандардизиран и е наменет за слушатели кои се стекнуваат со компетентност на пишување, читање, зборување и граматика на кинески јазик. Според најновите стандарди за одредување на ниво на познавање на кинескиот јазик, според рамката на институтот Кофуциј која е светски призната, кинескиот јазик се дели на HSK1, HSK2, HSK3 (нивоа кои опфаќаат елементарно познавање на кинескиот јазик); HSK4, HSK5, HSK6 (нивоа кои опфаќаат средно познавање на јазикот) и HSK7, HSK8 и HSK9 (кои опфаќаат високо познавање на кинескиот јазик). Курсевите за различни нивоа на кинески јазик се адаптирани за возрасни и адолесценти кои се здобиваат со ниво на познавање на јазикот. До скоро рамката за одредување на ниво по кинески јазик беше поделена на 6 нивоа, од HSK1 до HSK6 koja до некаде е паралелна на европската рамка за јазици која е исто поделена на 6 нивоа, од A1 до C2. Рамките се слични, меѓутоа познавањето на кинескиот јазик се одредува според бројот на кинески знаци кои една индивидуа ги знае. Промената во нивоата е настаната со тоа што покачен е бројот на знаци во јазикот кој го говорат странци. За HSK1 треба да се знаат 300 знаци, за HSK2 - 600 знаци, HSK3 - 900 знаци, за HSK4 - 1200 знаци, за HSK5 - 1500 знаци, за HSK6 - 1800 знаци; а за највисоките нивоа на познавање на кинескиот јазик треба да се знаат 3000 и над 3000 знаци. Курсевите се прилагодени за изучување на кинескиот јазик и воедно припремање за тестирање на HSK сертификат за кинески јазик кој е еквивалентен на IELTS или TOEFL за полагање на англиски јазик. Пропратно на курсот ќе се учат работи кои се поврзани со кинеската култура низ други суплементарни материјали, за подобро совладување на јазикот.

Секое HSK ниво (15 поглавја) е поделено на два степена.

HSK1 ниво е поделено на (HSK1.1 и HSK1.2) степени.  

Фондот на часови за еден степен е е 60 часа од по 45 минути за секоја лекција по два часа, со интензитет од 2 до 3 пати неделно по 2 часа од по 45 (90 минути).

Секоја лекција вклучува слушање, читање, говорење, и пишување, првиот степен  150 кинески знаци и граматика. Почетното ниво е HSK1.1 се изучуваат 150 знаци. 

По комплетирање на секој степен се добива сертификат за завршен степен.

Пријавување на тел. 071 324-172

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2024. UKION SHOPS
Кинески јазик   Наставна програма HSK за следење на курс по кинески јазик HSK (汉语水平考试 - hanyu shuiping kaoshi) е материјал кој е стандардизиран и е наменет за слушатели кои се стекнуваат со компетентност на пишување, читање, зборување и граматика на кинески јазик. Според најновите стандарди за одредување на ниво на познавање на кинескиот јазик, според рамката на институтот Кофуциј која е светски призната,.. Category: Product #: 240404155027 Regular price: 8.600 ден. 8.600 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО