Наставата се одвива онлајн.
Еден степен е организиран во 24 часа по 45 мин, 3 пати неделно по 2 часа (90 мин во термин), вкупно 4 недели.
Цели и задачи на курсот
- Да се осознае потребата за изготвување на алгоритам при решавање одреден проблем;
- да се запознае концептот за временска и просторна сложеност на алгоритмите;
- да се запознаат алгоритми за решавање на дадени проблеми (сума на броеви, минимум/максимум од множество броеви, аритметичка средина на броеви, издвојување цифри на број и нивна манипулација);
- да се оспособи за програмирање на изучените алгоритми;
- да се оспособи за изработување алгоритми и програми со основните контролни структури:
- редоследна структура,
- структура за избор од 2 можности,
- структура за избор од повеќе можности,
- структури за повторување со услов на почетоткот на структурата,
- структури за повторување со услов на крајот на структурата,
- структури за повторување со броење на цилусите;
- да се стекне умешност за изработка на програми од готови алгоритми запишани во псевдо-јазик (квази-јазик);
- друго.