google-site-verification=sBk9zkyxuNDRz-IScBT5pgDyjDS9raS5baDFnnh0X8Y
Програмирање во C++ за младинци - Втор степен
  • Програмирање во C++ за младинци - Втор степен

Програмирање во C++ за младинци - Втор степен

9.600 ден.
без ДДВ: 9.600 ден.
Шифра на производ: 210921085832
Достапност: На залиха
Количина:
credit_card

Во периодот на пандемија од Covid 19, сите часови се одвиват online.

Еден степен е организиран во 60 часа по 45 мин, еднаш неделно по 2 часа (90 мин во термин, вкупно 8 месеци).

Цели - задачи на курсот

  • да ја осознае потребата за изготвување на алгоритам при решавањето на одреден проблем;
  • да се запознае со концептот за временска и просторна сложеност на алгоритмите;
  • да се запознае со алгоритми за решавање на дадени проблеми (сума на броеви, минимум/максимум од множество броеви, аритметичка средина на броеви, издвојување на цифри на број и нивна манипулација);
  • да се оспособи за програмирање на изучените алгоритми;
  • да се оспособи за изработување на алгоритми и програми со основните контролни структури (редоследна, за избор, за повторување) за однапред дадени текстуални проблеми
  • Да умее да изработува програми од готови алгоритми запишани во псевдо-јазик (квази-јазик).
  • да умее да ги објаснува и дефинира поимите: структура на податоци и еднодимензионална низа како структура од податоци;
  • да ја осознае потребата од користење на структура на податоци – еднодимензионална низа;
  • да знае да декларира, дефинира и користи еднодимензионална низа;
  • да умее да пристапува до елемент од еднодимензионална низа;
  • да знае да користи повторување со броење на циклусите при достапување до сите елементи од низата (поминување низ низа);
  • да умее да изработува програми со користење на еднодимензионални низи;
  • да се оспособи за решавање на текстуални задачи.
  • да умее да го објаснува поимот потпрограма;
  • да осознае дека и главната програма е потпрограма во С++;
  • да умее да ги разликува функциите на потпрограма и на главна програма;
  • да ги осознае потребата и предностите од користење (повикување) на потпрограми во главната програма;
  • да се оспособи за препознавање на проблемски ситуации во кои треба да се примени потпрограма;
  • да ги запознае основните математички функции од
  • библиотеката cmath (fabs, sqrt, pow, ceil, floor, sin, cos);
  • да се оспособи за  примена на правилата за именување на потпрограма;
  • да се оспособи за изработка на потпрограми и нивно повикување од главната програма;
  • да се оспособи за правилно пренесување на вредности од главната програма во потпрограмата;
  • да се оспособи да решава проблеми со примена на потпрограми.

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО е компанија која што успешно опстојува oд 1999 година на пазарот и е специјализирана за: превод и толкување; обука по странски јазици; компјутерска едукација; и обуки и советување за личен и професионален развој. Читај повеќе

Контакт

  • +389 2 32 46 041
  • +389 75 446 706 +389 71 324 170
  • +389 2 32 46 041
  • info@esp.com.mk esp@esp.com.mk

Facebook

ЕСП Web Shop © 2022. UKION SHOPS
Програмирање во C++ за младинци - Втор степен Во периодот на пандемија од Covid 19, сите часови се одвиват online. Еден степен е организиран во 60 часа по 45 мин, еднаш неделно по 2 часа (90 мин во термин, вкупно 8 месеци). Цели - задачи на курсот да ја осознае потребата за изготвување на алгоритам при решавањето на одреден проблем; да се запознае со концептот за временска и просторна сложеност на алгоритмите; да се запознае с.. Category: Product #: 210921085832 Regular price: 9.600 ден. 9.600 Available from: ЕСП - Развој и управување на човечки ресурси ДОО